Бајрами спроведен во притвор во „Шутка“
Перпарим Бајрами е осомничен за проневера и злоупотреба на службената положба во случајот поврзан со „Државна лотарија“.

Во притвор во затворот Скопје е поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, кој повеќе од една година беше недостапен за органите на прогонот, за МТВ потврдија од установата.
Од МВР потврдија дека Бајрами утринава сам се предал.
„Денеска во 05:35 часот на ГП Долно Блаце за влез во РСМ се пријави Перпарим Бајрами (33), баран со меѓународна потерница по наредба од ОЈО Скопје бр. XVII KO бр. 4232/24 од 17.12.2024 година. Лицето е лишено од слобода и спроведено во Казнено поправната установа Затвор Скопје“, соопштија од МВР.
Бајрами е осомничен за проневера и злоупотреба на службената положба во случајот поврзан со „Државна лотарија“. Со предавањето на Бајрами, уште едно од лицата по кои трагаа македонските органи на прогонот сега е достапно за постапката.
Во истиот случај осомничен е и поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и уште шест лица. Судењето за „Државна лотарија“ продолжува в петок.
