Тенис

Шелтон го шокираше Алкараз на УС Опен

09.09.2026 10:02

Мечот заврши во 3:37 часот по полноќ по локално време, со што стана најдоцна завршениот натпревар во историјата на УС Опен.

Бен Шелтон приреди голема сензација на УС Опен, откако по неверојатна драма во пет сета го елиминираше Карлос Алкараз со 6:7, 6:1, 6:3, 1:6, 7:6. Американецот одигра фантастичен меч и по повеќе од три и пол часа избори пласман во следната фаза, на огромно задоволство на домашната публика.

Шелтон покажа извонредна ментална сила во решавачките моменти и стигна до една од најголемите победи во кариерата.

Мечот заврши во 3:37 часот по полноќ по локално време, со што стана најдоцна завршениот натпревар во историјата на УС Опен.

Шелтон со триумфот обезбеди место меѓу најдобрите и ја продолжи американската серија на домашниот Грен слем. Во следната рунда го очекува сонародникот Франсис Тиафо, кој претходно го елиминираше Алекс Микелсен со пресврт, откако губеше со 0:2 во сетови.

Така, САД ќе имаат свој претставник во големото финале, бидејќи Шелтон и Тиафо ќе се соочат во американската пресметка за место во завршниот меч на турнирот.