Македонија

Зимското сметање на времето почнува на 25 октомври

09.09.2026 11:55

Официјалниот распоред објавен од Европската комисија покажува дека поместувањето на стрелките на часовникот продолжува до 2031 година, освен ако не се донесе нова регулатива...

Часовниците се менуваат двапати годишно – во последната недела од март, почеток на летно време и последната недела од октомври, враќање кон зимско време.

Официјалниот распоред објавен од Европската комисија покажува дека поместувањето на стрелките на часовникот продолжува до 2031 година, освен ако не се донесе нова регулатива.

Годинава зимското сметање на времето почнува на 25 октомври, додека пак о 2027 година, летното време почнува на 28 март, а завршува на 31 октомври.

Овој календар е направен според моменталните закони. Тоа не значи дека одлуката е конечна до 2031 година. Доколку Европската унија изгласа ново решение за укинување на оваа пракса, промените може да завршат и порано.