МВР

Кичевец возел и покрај активна забрана, предизвикал незгода и одбил алкотест

09.09.2026 12:53

32-годишен кичевец е лишен од слобода откако со „голф“ излетал од патот, при што било утврдено дека возел и покрај активна забрана за управување со возило од Б категорија. Тој одбил и да биде подложен на алкотест.

На 9 септември во 03:10 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Д.С. (32) од Кичево поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ согласно член 297-а од Кривичниот законик.

Според информациите од полицијата, тој управувал автомобил „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки и на кружен тек на улицата „Борис Кидрич“ удрил во бетонски рабник, по што излетал од патот.

При преземањето мерки било утврдено дека возилото го управувал за време на активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија. Кичевецот одбил да му биде извршен алкотест.

По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.