Штип

Премиерот Христијан Мицкоски во работна посета во Штип

09.09.2026 11:10

Мицкоски денеска е во работна посета во Штип, каде што ја посети компанијата „Алказар Енерџи“ . Пред присутните презентирани информации поврзани со работата и инвестициите на компанијата.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска е во работна посета во Штип, каде што ја посети компанијата „Алказар Енерџи“. Пред присутните презентирани информации поврзани со работата и инвестициите на компанијата.

Премиерот ќе присуствува и на пуштањето во употреба на спортската сала „Џексон“ во Штип.

Посетата на Штип е дел од активностите на премиерот поврзани со поддршката на инвестициите, развојот на локалната економија и унапредувањето на спортската инфраструктура, соопштија од владиниот кабинет.