МВР
Претрес во Штип, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
09.09.2026 15:36
Лишен од слобода штипјанец, откако при претрес во неговиот дом е пронајдена поголема кеса марихуана, ваги, дробилки...

Вчера во 10:00 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишија од слобода Б.К.(37) од Штип.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една поголема ќеса со марихуана, две дигитални ваги, дробилка, семки од растението канабис, пневматски пиштол, мобилен телефон и парични средства.
За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.
