НОРВЕШКА
Во Осло денеска ќе биде погребан норвешкиот крал Харалд Петти
09.09.2026 12:03
Монарси, членови на европските кралски семејства и шефови на држави престојуваат во Осло за државниот погреб...

Во Норвешка денеска ќе биде погребан кралот Харалд Петти. Монарси, членови на европските кралски семејства и шефови на држави престојуваат во Осло за државниот погреб. Кралот Харалд, уживаше широка популарност меѓу Норвежаните за време на своето 35-годишно владеење.
Почина на 28 август, во болница на 89-годишна возраст. Неговиот син, Хокон, веднаш го наследи престолот како нов крал на Норвешка.
