Санкции за докторите кој не го почитуваат „Мој термин“

30.09.2014 16:23

Податоците за доцнењето на докторите Тодоров ќе ги достави до сите директори на здравствените установи, а тие за три дена треба да отпочнат прекршочна постапка за дисциплинска неуредност...

Специјалист по трансфузиона медицина од Крива Паланка е лидер по бројот на задоцнувања во „Мој термин“. 15 од 20 работни денови во амбулантата, пациентите го чекале по повеќе од еден час. Овој доктор не е единствен, уште 162-ца негови колеги од други градови ги оставиле пациентите да чекаат повеќе од закажаниот термин.

„Почитувани 162 доктори, можам да прифатам да ме критикувате, да зборувате против мене на секој пациент кој ќе дојде во вашата ординација, да ме исмевате пред пријателите. Сето ова од вас без проблем го прифаќам и без проблем ќе го поднесам. Но, никако нема да прифатам и не можам и нема да дозволам пациентот да стои на закажан преглед пред вашата затворена врата еден или повеќе часови“, рече министерот за здравство, Никола Тодорв.

Податоците за доцнењето, Тодоров ќе ги достави до сите директори на здравствените установи, а тие за три дена треба да отпочнат прекршочна постапка за дисциплинска неуредност.

На овој начин докторите го скратувале времето за преглед кај пациентите. Не го девалвирале само ситемот мој термин, туку целиот здравствен систем.

Вакви пропусти во ситемот „Мој термин“ не се регистрирани во градската општа болница „8-ми Септември“ и болницата во Тетово.

Андријана Атанасовска