Муцунски: Стратешкото партнерство со САД е од значење за безбедноста и стабилноста на регионот
Муцунски, како што објави, ја претставил работата на Министерството за надворешни работи и ги истакнал клучните надворешнополитички приоритети на земјата – интеграцијата во Европската Унија, придонесот во НАТО и натамошното зајакнување на стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави.

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска се сретна со претставници на Сенатот и Претставничкиот дом на САД, кои се дел од програмата „Balkans Forward Congressional Fellows“ на Атлантскиот совет. На средбата биле потврдени блиските односи и стратешкото партнерство меѓу двете земји.
Муцунски, како што објави, ја претставил работата на Министерството за надворешни работи и ги истакнал клучните надворешнополитички приоритети на земјата – интеграцијата во Европската Унија, придонесот во НАТО и натамошното зајакнување на стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави.
Осврнувајќи се на развојот на билатералните односи во изминатите три децении, министерот ги истакнал традиционално добрите односи со САД и значењето на стратешкото партнерство за безбедноста и демократскиот развој на земјата, како и за стабилноста на регионот.
На средбата биле разменети мислења и за актуелните геополитички предизвици, евроатлантската перспектива на Западен Балкан, регионалната стабилност и пошироката евроатлантска безбедност.
