МВР

Тетовец лишен од слобода откако запалил оган при чистење на имотот и предизвикал пожар

09.09.2026 14:49

55-годишен жител на тетовското село Гајре е лишен од слобода откако при чистење на својот имот запалил оган, кој се проширил и зафатил поголема површина. Во пожарот нема повредени лица.

На 8 септември во 9:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка го лишиле од слобода Р.С. (55) од село Гајре.

Според пријавеното, на местото викано „Мала Зецка“, под село Гајре, тој додека го чистел својот имот од сува трева и нискостеблеста шума запалил оган, по што пожарот се проширил и зафатил поголема површина.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово и вработени во Шумското стопанство. Повредени лица нема.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.