Конференција

Европа порачува – парламентите се во сржта на реформските процеси и двигатели на процесот на пристапување

09.09.2026 13:20

Патот кон Европа не се води само од владите, парламентите мора да бидат моторот на реформите. Порака од ЕУ до земјите од Западен Балкан, во време кога демократијата е под притисок, партиските интереси мора да останат зад интересот на државата. Отчетни и силни институции, владеење на правото и реформи што граѓаните ќе ги почувствуваат – услов за вистинско приближување кон ЕУ.

Европа ни порачува парламентите се во сржта на реформските процеси и двигатели на процесот на пристапување. Функционирањето на демократските институции во време на намалување на демократијата ширум светот и не на така далечни места е аларм за парламентите чија работа мора да ги надминува политичките партии и нивните ставови, посочи високиот претставник на ЕУ за проширување за Западен Балкан, Џулион Венери.

Со свои видувања и претставниците од соседството. Средбите со европратениците имаат посебно значење за преземање на вистински чекори, уверува Елвира Ковач потпретседателката на Собранието на Србија.

Најбитно е да се објасни како поглавјата носат права и слободи за граѓаните од нашите земји, смета Сара Мила пратеничка од Собранието на соседна Албанија.

Сепак многу ќе зависат некои текови и од претстојните избори во европските земји, вели првиот човек на Комисијата за европски прашања, Антонио Милошоски.

Отчетноста, интегритетот и ефективноста на демократските институции треба да се со силен фокус на парламентите како и на сите независни агенции или актери кои придонесуваат за функционирањето на демократијата, владеењето на правото, е една од главните пораки од конференцијата.

 

Фиљана Кока