Нема алармантни пожари, ДЗС апелира на внимателност
Нема алармантни пожари, но опасноста не е помината. Огнот сè уште гори на Скопска Црна Гора, меѓу Струга и Дебар и во „Јасен“. Од ДЗС со предупредување – доволна е само една искра за нова катастрофа. Забраната за движење во шумите останува до крајот на месецот.

Во овој момент немаме алармантни пожари на отворен простор, сè уште е активен пожарот во областа Рамно на Скопска Црна Гора, врз него имаме делумна контрола, информираат од ДЗС.
Активен е пожарот во селата што се на граница меѓу Општина Струга и Дебар, каде што веќе два дена на професионалните тимови од ДЗС им помагаат и членови на доброволното пожарникарско друштво од Битола.
Во резерватот „Јасен“ е зафатена поголема тревна површина во атарот на селото Белица.
Од ДЗС апелираат на внимателност на граѓаните зашто како што велат, само една искра е доволна за катастрофа. Сè уште важи забраната за движење во шумите до крајот на месецов, која треба да превенира ризично однесување во шумските области.
Игор Панов
