Струмица домаќин на 34. ФКТ „Ристо Шишков“
Со претставата УННА на театарот „Ѕвездара“ од Белград се крена завесата на 34-тото издание на Фестивалот на камерен театар Ристо Шишков во Струмица. 40 тина актери од 10 претстави на национални установи и копродукции од земјава но и од Бугарија и Србија се во конкуренција за единствената фестивалска награда а тоа е наградата за најдобри актерски остварувања.

Со актерите од „Ѕвездара театар“ од Белград и претставата УННА почна трката за наградата за најдобро актерско остварување на годинашниов фестивал Ристо Шишков во Струмица. Лауреатот од лани Билјана Драгичевиќ-Пројковска вели дека конкуренцијата е биде доста силна со македонски актери.
Годинава на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во официјална конкуренција се вкупно 10 претстави. Селекторот Љупчо Ѓеоргиевски тврди дека било тешко да се одлучи бидејќи речиси сите театри работат на мали претстави кои имаат камерен формат.
Фестивалот ќе трае до недела вечер кога ќе се знае името на актерот што ќе ја понесе наградата „Ристо Шишков“ вредна 1.500 евра и златен медалјон со ликот на бардот на македонското глумиште.
Ване Трајков
