Стартува акцијата за собирање на електронскиот отпад
Акцијата за бесплатно собирање на електронскиот отпад ќе трае до 3-ти октомври. На плоштадите ќе бидат поставени специјализирани контејнери за оваа намена, но граѓаните се поделени околу најавата дека од 1-ви јануари треба да плаќаат дококу сакаат да се ослободат од своите стари електронски уреди...

Во сите поголеми градови во Македонија започна акцијата за бесплатно собирање на електронскиот отпад, која ќе трае до 3-ти октомври. На плоштадите ќе бидат поставени специјализирани контејнери каде и правните и физичките лица ќе можат да ги донесат своите стари електронски уреди. Но, граѓаните се поделени околу новите законски решенија дека од 01.01.2015 година тие ќе мораат да плаќаат доколку сакаат да го предадат ваквиот тип на отпад.
„Тоа е добро, како што е во Европа мора да биде и кај нас... Зошто ние да плаќаме треба да си плати фирмата која го собира отпадот“, истакнуваат дел на граѓаните.
Во Македонија засега има само 2 специјализирани компании со собирање ваков отпад.
И старата бела техника која што досега граѓаните ја носеа во класичните отпади за откуп на старо железо од наредната година нема да можат да го правата тоа, туку ќе треба да ја носат во специјализирани фирми за откуп на електронски отпад.
И од Општина Прилеп денеска укажаа за штетниите последици на ваквиот отпад за околината.
„Ние бевме прва општина која ја започна примарната селекција на отпадот во домаќинствата и со поставување на контејнери за селекција на јавните површини, во иднина ќе се потрудиме такви контејнери да поставиме низ градот кои ќе бидат исклучиво за собирање на електронски отпад“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
Надлежните апелираат максимално да се искористи оваа акција.
„Ги замолуваме граѓаните да излезат активно во оваа кампања, и да се ослободат од својот електронски и токсичен отпад. Ние сме тука од 13 до 17 часот, а на флаерите имаме оставено и телефони на кои можат да не контактираат“, рече Илчо Трајкоски, ДОМ.
Се планира до Нова година да се организираат уште неколку вакви акции, но и да се одржат трибини за едукација на граѓаните.
Дарко Штаргоски
