Образование

Јаневска: Резултатите од ПИСА се лоши, реформите ќе дадат резултат по една деценија

09.09.2026 17:19

Според министерката за образование и наука, за подобрување на резултатите во образованието ќе биде потребно време. Таа очекува ефектите од актуелните реформи да се почувствуваат за девет до десет години.

Резултатите од ПИСА тестирањето се многу лоши, смета министерката за образование и наука Весна Јаневска. Информира дека сепак, станува збор за резултати од тестирање спроведено само шест месеци пред доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Резултатите од новата реформа ќе може да се почувствуваат за девет до десет години од сега, вели Јаневска, додавајќи дека најдобри резултати на ПИСА тестирањето досега, имаше во 2018-та година.

Според последните резултати, македонските ученици постигнале пониски резултати од просекот на земјите од ОЕЦД. Резултатите покажуваат дека само третина од 15-годишниците во земјава имаат основни познавање за математика, читање и наука.

Резултатите од последното меѓународно ПИСА тестирање покажуваат пад на перформансите на учениците во читањето и во математиката на глобално ниво.

Марија Котовска