Енергетика

„Алказар Енерџи“ ќе го гради ветерниот парк во Македонија

09.09.2026 17:28

Во земјата доаѓа инвестиција тешка повеќе од половина милијарда долари. „Алказар Енерџи“ ќе го гради новиот ветерен парк меѓу Штип, Карбинци и Радовиш. Планирани се 55 ветерници – голем енергетски проект со кој Македонија треба да добие нови капацитети за производство на чиста енергија и да направи нов чекор во зелената транзиција…

Нова ера за македонската енергетика, најави Владата, откако „Алказар Енерџи“ почнува да го гради ветерниот парк во источниот дел од земјава. Инвестицијата е вредна над 500 милиони долари. Премиерот Мицкоски објаснува дека со реализацијата на овој проект, Македонија прави одлучувачки чекор кон целосна енергетска независност.

Менаџментот на компанијата најави заживување на Карбинци, Штип и Радовиш и отворање нови работни места.

Проектот носи огромни придобивки за граѓаните и регионот. Ќе има 55 ветерници, целосно нова патна инфраструктура во местата низ кои ќе поминува комплексот, како и производство струја, доволно да ги задоволи потребите на 148 илјади домаќинства.

Од „Алказар Енерџи“ велат дека е затворена финансиската конструкција за првата фаза од проектот од 180 милиони евра.

Борис Грујоски