Македонија

Мајстори нема, а работата профитабилна

09.09.2026 18:14

Како да се најде мајстор стана најсуштинско прашање за секое семејство. Се чека со недели, месеци, а и години. Цената падна во втор план, иако нималку не е евтино. Искусните мајстори не се тука, младите не се заинтересирани за занаетчиските занимања.

Недели, месеци, многу нервоза, уште повеќе трпение се потребни да се најде мајстор за поправки во домот. Електричар, водоинсталатер, каков било мајстор ни за лек. Граѓаните со нервозни искуства.

Каде се мајсторите? Искусните надвор од земјава, младите не се заинтересирани иако работната рака не е за потценување. Ниту отворените паралелки за автоелектроничар и електричар никој не ги сака. Така беше и за насоката за клима уреди и инсталации. Иако има стипендии. Дел причини се кај родителите.

Ако ви треба мајстор, планирајте сега за до година. Заштедете неколку илјади евра и, најбитно-молете се за среќа мајстор да ви тропне на врата.

Елизабета Митреска