Заврши амандманската расправа за предлог- буџетот за 2015-та

30.09.2014 16:46

Буџетот е базиран за раст на вкупниот бруто домашен производ од 4 насто. Државната каса ќе тежи 2,96 милијарди евра...

Заврши  општата и амандманската расправа за предлог буџетот за 2015-та во матичната собраниска комисија. Од деветте амандмани владата не прифати осум, сите поднесени од пратеничката Роза Топузова- Каревска.

Виза доби само еден, на владејачкото мнозинство. Со него, преку прераспределба (реалокација), се обезбедуваат дополнителни 5 милиони денари за опремување на ново изградените простории за пратениците во Законодавниот дом.

Интенција на Владата е да ги зголемува расходите за инфраструктурни објекти. Буџетот е базиран за раст на вкупниот бруто домашен производ од 4 насто. Државната каса ќе тежи 2,96 милијарди евра.

Владата планира в година да им исплаќа повисоки плати на вработените во јавната администрација, а покачувањето ќе стартува од октомври годинава. Предвидено е и ново зголемување на пензиите и на социјалната помош.