НОРВЕШКА
Погребан кралот Харалд Петти
09.09.2026 16:00
Околу 200 илјади луѓе во Осло се простија од монархот, а на државниот погреб присуствуваа европски кралски семејства и светски лидери, меѓу кои принцот Вилијам и украинскиот претседател Зеленски...

Норвешка со големи почести го испрати кралот Харалд Петти. Околу 200 илјади луѓе во Осло се простија од монархот, а на државниот погреб присуствуваа европски кралски семејства и светски лидери, меѓу кои принцот Вилијам и украинскиот претседател Зеленски. Харалд почина на 89 години, по 35 години на престолот.
Последното испраќање заврши со прелет на четири Ф-35 авиони, а престолот го наследи неговиот син Хокон.
