Македонија останува во фокусот на идниот комесар за проширување на ЕУ
Во своето излагање идниот комесар за соседство и проширување на Европската Унија Хан се изјсани дека политиката на новиот тим на Европската Комисија е да нема нови членки во Унијата, за време на нивниот мандат, но потенцираше дека во истовреме активно ќе работат на процесот на преговарање...

Република Македонија останува во фокусот на задачите на идниот комесар за соседство и проширување на Европската Унија, Јоханес Хан. На денешното сослушување на Колеџот на комесарите пред комитетот за надворешни работи во европскиот парламен, Хан беше прашан како планира да го надмине билатреалниот спор мегу Македонија и Грција, со дополнително провактивно пашање дека Македонија ја краде историјата и името од Грција. Прашањето го постави грчкиот европратеник Георгиас Епитидеоис од Златна Зора.
„Поранешната Југословенска Република Македонија ќе биде една од моите главни предизвици во наредниот период, има кандидатски стаус од 2005 година, а неможе да ги започне преговорите. Ова секако се одразува на граѓаните, а тоа значи и дека реформите стагнираат“, рече Јоханес Хан.
Ова е голема грижа за мене. Мора да осигурам дека во наредните неколку години ќе најдеме решение. Тоа нема да биде лесен процес свесен сум за тоа.
Во своето излагање Хан се изјсани дека политиката на новиот тим на Европската Комисија е да нема нови членки во Унијата, за време на нивниот мандат, но потенцираше дека во истовреме активно ќе работат на процесот на преговарање. Почитување на правото, демократијата, основните човекови права и економскиот раст и развој ќе бидат клучните критериуми за идните членки на ЕУ, експлицираше Јоханес Хан. Квалитет пред брзината е неговото мото во однос на прашањата поврзани за државите кандидати. Токму ова тој му го одговори на Европратеникот Ричард Ховит, известувачот за Република Македонија во Европскиот Парламент.
„Не постои контрадикција, јасно е дека треба да се фокусираме на преговорите за проширување и како што реков во своето претставување се работи за квалитет а не за брзина. Имам искуство како комесар за региони дека во наш заеднички интерес е да имаме добро подготвени држави за нови членки, кои ке можат да ги користат сите можности како што се структурните фондовии да се придржуваат на воспоставнеите стандарти и правилници“, рече Хан.
Состојбата во Украина, воениот конфликт на средниот исток како и бегалската криза каква што унијата не бележи во својата историја беа прашања кои предизвикаа најголем интерес меѓу европските пратенци. Хан одговараше точно три часа.
Марина Тонева
