Македонија

ЦУК: 31 пожар на отворен простор во изминатото деноноќие, три активни

10.09.2026 08:14

Засега нема алармантни пожари на отворен простор, но опасноста од нови разгорувања и натаму постои, велат од Дирекцијата за заштита и спасување. Според Центарот за управување со кризи, во изминатото деноноќие имало 31 пожар на отворен простор.

Три сè уште се активни, 4 се под контрола, а 24 се изгаснати.

Во реонот на селата Буринец, Локов, Селце и Елевци, струшко, гори нискостеблеста шума. Кај Белица, во Македонски Брод, гори нискостеблеста и мешана шума. Активен е огнот и кај Брест и Рамно, на Скопска Црна Гора.