Влада
Премиерот Мицкоски на отворањето на новиот погон на „ВИК“ во ТИРЗ Прилеп
10.09.2026 08:54
Отворањето на новиот погон е уште една инвестиција во прилепската индустриска зона...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе престојува во Прилеп, каде што ќе присуствува на официјалното отворање на новиот производствен погон на германската компанија „ВИК“ (WIK) во Технолошко-индустриската развојна зона. Отворањето на новиот погон е уште една инвестиција во прилепската индустриска зона.
Во рамки на настанот, премиерот Мицкоски ќе даде и изјава за медиумите, соопштија од Владата.
