Финансии

Министерката Димитриеска-Кочоска ќе ја отвори Регионалната конференција „Охрид 2026“

10.09.2026 08:32

Министерката Димитриеска-Кочоска ќе има воведно обраќање на отворањето на Конференцијата и ќе учествува на панел-дискусија на тема „Од притисокот во еврозоната до фискална отпорност: Буџетски приоритети, реалности во приватниот сектор и регионални лекции“...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ќе учествува на Регионалната конференција „Охрид 2026“, којашто се одржува во Охрид во хотелот Инекс Олгица. Министерката Димитриеска-Кочоска ќе има воведно обраќање на отворањето на Конференцијата со почеток и ќе учествува на панел-дискусија на тема „Од притисокот во еврозоната до фискална отпорност: Буџетски приоритети, реалности во приватниот сектор и регионални лекции“. Конференцијата има за цел да придонесе за поотпорни фискални политики, одржлив економски развој и поблиска регионална интеграција во сè посложена глобална средина.

На Конференцијата учествуваат министри за финансии, раководители на даночни администрации од регионот, владини претставници и експерти. Конференцијата е можност за размена на идеи и искуства и поттикнување на регионалната соработка.

По завршување на првата панел-дискусија предвидени се изјави за медиуми, соопштија од Министерството.