Украина

Авионот на Зеленски за малку ќе настрадал од дрон

10.09.2026 10:56

Авионот на украинскиот претседател Зеленски со кој тој патуваше кон Норвешка за да присуствува на погребот на покојниот крал Харалд, за малку ќе беше погоден од дрон ...

Русија ги продолжи нападите на украинска територија, украинските сили возвраќаат. Нападнато пристаништето во рускиот туристички град Сочи на Црно Море, има повредени. Американскиот претседател Трамп изјави дека имал одличен разговор со рускиот претседател Путин недела и дека рускиот лидер сака да постигне договор за прекин на војната.

Телефонскиот разговор следуваше кратко откако специјалните пратеници Виткоф и Кушнер, се вратија од дипломатска турнеја низ Москва и Киев и разговараа за потенцијални предлози за завршување на војната. Во исто време, Норвешка соопшти дека авионот на украинскиот претседател Зеленски за малку ќе бил погоден од дрон, додека се подготвувал да полета од Молдавија кон Осло.

Зеленски патуваше кон Норвешка за да присуствува на погребот на кралот Харалд.