Сеута

Шпанската влада објави класифицирани документи

10.09.2026 12:06

Шпанската влада објави декласифицирани извештаи од разузнавачките и безбедносните служби во врска со масовниот влез на десетици илјади мигранти во Сеута ...

Шпанската влада објави декласифицирани извештаи од разузнавачките и безбедносните служби во врска со масовниот влез на десетици илјади мигранти во Сеута кон крајот на јули.

Околу 40 документи, изготвени во периодот од 1 јули до 1 Август откриваат дека шпанските служби регистрирале повици за масовен премин на границата во деновите пред кризата, додека военото разузнавање предупредило на „многу веројатен“ масовен влез токму на денот кога се случил настанот.

Според извештајот, единиците за справување со немири биле распоредени на границата дури три часа откако ситуацијата излегла од контрола. Владата во Мадрид инсистира на тоа дека објавените документи нотираат оти не биле предупредени за размерите на кризата.