Струмица домаќин на развоен турнир за фудбалерки до 15 години

10.09.2026 08:55

Македонија од 10 до 16 септември ќе биде домаќин на развоен турнир за фудбалерки до 15 години во Струмица. Покрај македонската репрезентација, ќе настапат и селекциите на Молдавија, Турција и Црна Гора.

Во периодот од 10 до 16 септември, во Струмица ќе се одржи развоен турнир за фудбалерки до 15 години. Покрај домаќинот Македонија, на турнирот ќе учествуваат и репрезентациите на Молдавија, Турција и Црна Гора, а натпреварите ќе се играат на теренот на комплексот „Пандев“ и на стадионот „Кукуш“ во Турново.

Во првото коло, кое е закажано за 11 септември, Македонија ќе се соочи со Молдавија. Натпреварот ќе се игра во Турново, со почеток во 16:30 часот. Во истиот термин, во Струмица ќе се сретнат Црна Гора и Турција.

На 13 септември, Македонија повторно во Турново ќе игра против Црна Гора, додека на комплексот „Пандев“ Турција ќе се соочи со Молдавија. Двата натпревара ќе започнат во 16:30 часот.

Натпреварите од последното коло се закажани за 16 септември. Во Турново, младите македонски фудбалерки ќе се соочат со своите врснички од Турција, додека на спортскиот комплекс „Пандев“ во Струмица ќе играат Црна Гора и Молдавија. Двата натпревара ќе започнат во 11:00 часот.

За овие натпревари, селекторот на женската репрезентација до 15 години, Астрит Мерко, ги повика следните фудбалерки:

Илина Аврамоска (ЖФК Топ Гол)

Ангелина Темелкоска (ЖФК Цевитана)

Елена Маногоска (ЖФК АС Јунајтед)

Ива Цветаноска (ЖФК АС Јунајтед)

Анастасија Андреевска (ЖФК Љуботен)

Леа Атанасовска (ЖФК Скопје)

Вања Заковска (ЖФК Скопје)

Теона Стојаноска (ЖФК Скопје)

Зелије Балажи (ЖФК Ускана)

Јонида Лика (ЖФК Ускана)

Лина Јосифоска (ЖФК Цевитана)

Ања Милеска (ЖФК Цевитана)

Елена Момироска (ЖФК Цевитана)

Јана Маркоска (ЖФК Цевитана)

Исидора Илиевска (ЖФК Истатов)

Роза Стамкова (ЖФК Истатов)

Илина Јаневска (ЖФК Кочани)

Ива Велкова (ЖФК Кочани)

Сара Саздовска (ЖФК Топ Гол)

Илина Ѓориќ (ЖФК Речица)