Финансии

Се очекува ЕЦБ повторно да ги зголеми каматните стапки

10.09.2026 09:51

Економистите очекуваат депозитната стапка да биде зголемена од 2,25 на 2,5 проценти. Одлуката ќе биде соопштена по состанокот на Управниот совет во Берлин, по што ЕЦБ ќе ги објави и новите прогнози за инфлацијата и економскиот раст.

Европската централна банка (ЕЦБ) денеска се очекува повторно да ги зголеми каматните стапки, вторпат годинава, поради зголемената инфлација во еврозоната.

Економистите очекуваат депозитната стапка да биде зголемена од 2,25 на 2,5 проценти. Одлуката ќе биде соопштена по состанокот на Управниот совет во Берлин, по што ЕЦБ ќе ги објави и новите прогнози за инфлацијата и економскиот раст.

Инфлацијата во еврозоната во август достигна 3,3 проценти на годишно ниво, што е највисока стапка од септември 2023 година и значително над целта на ЕЦБ од два проценти. Во Германија инфлацијата достигна 2,9 проценти.

Повисоките каматни стапки треба да придонесат за намалување на инфлацијата преку поскапо задолжување и намалена побарувачка, но истовремено ги зголемуваат трошоците за кредитите за домаќинствата и компаниите.