Институт за јавно здравје

Западнонилска треска: 58 регистрирани случаи, осум починати

10.09.2026 10:12

Во периодот од 2 до 8 септември се пријавени два нови случаи, од Скопје и од Свети Николе, како и два нови смртни исходи од Скопје. Сите починати се мажи од Скопје, со просечна возраст од 71,9 години. Сите биле хоспитализирани, а кај седум од нив биле регистрирани коморбидитети.

Во земјава досега се регистрирани 58 случаи на западнонилска треска, од кои 54 се потврдени, а четири се водат како веројатни. Осум лица починале, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Во периодот од 2 до 8 септември се пријавени два нови случаи, од Скопје и од Свети Николе, како и два нови смртни исходи од Скопје. Сите починати се мажи од Скопје, со просечна возраст од 71,9 години. Сите биле хоспитализирани, а кај седум од нив биле регистрирани коморбидитети.

Од вкупно 58 заболени, 46 се мажи, а 12 се жени. Најголем дел од случаите, односно 55, се од Скопје, а по еден случај е регистриран во Велес, Куманово и Свети Николе. Регистрирани се 57 автохтони случаи и еден случај со историја на патување во Грција.

Најзастапена е возрасната група над 60 години – 47 случаи, што претставува 81 отсто од вкупниот број заболени. Просечната возраст на заболените е 66,1 година.

Кај 38 лица, односно 65,5 отсто од случаите, симптомите започнале во август, кај 17 во јули, кај два во јуни, а кај еден во мај.

Од заболените, 56 имале невроинвазивна форма на болеста и сите биле хоспитализирани. Досега се испишани 43 од хоспитализираните потврдени случаи, додека пет лица сè уште се на болничко лекување.

Западно-нилската треска во Македонија првпат е регистрирана во 2011 година. Од тогаш до крајот на 2025 година биле регистрирани вкупно 54 лабораториски потврдени случаи и пет смртни случаи поврзани со болеста.

Во 2026 година е забележано значително зголемување и на бројот на заболени и на починати во споредба со претходните години.