Невреме
Силно невреме во Словенија, Хрватска и Италија
10.09.2026 15:07
Невреме ги зафати Словенија, Хрватска и северна Италија, предизвикувајќи поплави, материјална штета и проблеми во сообраќајот.

Силно невреме ги зафати Словенија, Хрватска и северна Италија, предизвикувајќи материјална штета и проблеми во сообраќајот.
Во Словенија, ветерот достигна 103 километри на час. Паднати дрвја оштетија автомобили, објекти и електрична мрежа, а железничкиот сообраќај меѓу Литија и Трбовље беше целосно прекинат.
Невремето предизвика поплави и во Риека и Загреб, додека во северна Италија има прекини во железничкиот сообраќај. Метеоролозите предупредуваат на нови силни врнежи, грмежи и олуен ветер во регионот.
