МНР: Грција е таа која не го почитува меѓународното право
Министерството за надворешни работи на Република Македонија категорички негира дека декларираната грчка позиција во разговорите за изнаоѓање решение кое се состои од име за севкупна употреба (erga omnes) е заснована на постоечко и применливо меѓународно право, како и дека користењето на уставното име на Република Македонија во наведените контексти во соопштенијата значи кршење на меѓународното право.

„Од друга страна, јавното декларирање на непопустливи, црвени политички линии и преговарачки позиции по правило не претставува одраз на постоење добра волја и подготвеност за демократски дијалог и спротивставување на аргументи со цел изнаоѓање решение и само укажува колку ова прашање останува детерминирано од одредени внатрешно-политички и демократски недостатоци во Грција. Грција е таа која не го почитува меѓународното право потврди и меѓународниот суд “– потестува МНР, а Македонија ќе продолжи во духот на добрососедство да учествува, активно и со добра верба, во разговорите со со цел што поскоро изнаоѓање на решение за разликата кое би било во согласност со принципите и нормите на меѓународното право.