Македонија

УХМР: За викендот дожд, ветер и заладување

10.09.2026 15:31

Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни со наврнати над 15 литри на квадратен метар, проследени со грмежи и засилен ветер претежно од северен правец со брзина од над 40 километри на час.

Под влијание на циклонска активност за време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд, информира УХМР.

Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни со наврнати над 15 литри на квадратен метар, проследени со грмежи и засилен ветер претежно од северен правец со брзина од над 40 километри на час.

Од сабота дневната температура ќе биде во опаѓање. Потоа до средината на следната седмица следува релативно стабилно и посвежо време.

Во Скопје за време на викендот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во делови од котлината ќе има нестабилност со пороен дожд грмежи и засилен ветер.

Времето утре, пак, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.