ЦУК

Активни три пожари на отворен простор, изгаснати 24 жаришта

10.09.2026 13:38

Засега нема алармантни пожари на отворен простор, но опасноста од нови разгорувања, и натаму постои. Три пожари на отворен простор сè уште се активни, информира Центарот за управување со кризи.

Не стивнуваат пожарите во Македонија. Регистрирани се 31 пожар на отворен простор, три се активни и четири се ставени под контрола.

Активен пожар има во општините Струга, Македонски Брод, Чучер-Сандево.

Под контрола се ставени пожарите кај селото Белица, Македонски Брод, селото Тајмиште, Кичево, селото Грачани, Ѓорче Петров и депонијата во Делчево. 24 пожари на повеќе места во земјава се изгаснати.

Врнежи од дожд помогнале за гаснење на пожарот кај Вруток.

Ирина Гелевска