мвр

Лишен од слобода жител на село во општина Илинден, управувал возило со 3,02 промили алкохол во крвта

10.09.2026 20:31

При контрола во сообраќајот, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,02 промили алкохол во крвта...

На 09.09.2026 во 14:55 часот во с. Марино, општина Илинден, полициски службеници од СВР Скопје го лишија о слобода А.С.(37) од с. Марино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик и член 80 од Законот за оружје. При контрола во сообраќајот, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,02 промили алкохол во крвта.

Исто така, при контрола во возилото била пронајдена воздушна пушка, која била одземена.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од МВР.