Судски совет: Долгото чекање за судење меѓу најчестите поплаки
Судскиот совет отвора дебата за начинот на постапување по претставките на граѓаните и за поголема достапност на доказите и материјалите до членовите на Советот. Најголем дел од претставките се однесуваат на долгото чекање за почеток на судските постапки, а на седницата се разгледуваше и можноста за појасни насоки за граѓаните што можат да преземат понатаму.

Судскиот совет со обид да ја отвори пандорината кутија, па наместо праксата да носи констатации за основаноста на преставките да може да им дава поконкретни одговори на граѓаните што треба да преземат понатаму. Дебатата дали ќе може да се укажува дека во случаи на предолго чекање за судење поради недостаток на судски кадар треба да се земаат оние со приоритети не заврши со одобрување од повеќето членови на советот
Откако со една од преставките беше побарано изземање на известителот судијата Николовски, Советот расправаше за недостапноста на доказите и материјалите од преставките до членовите на Советот. Побараа да имаат увид зашто поинаку не можат да одлучуваат.
Советот разгледуваше преставки од граѓани и други субјекти во однос на постапувањето на судиите. Најчести се оние кои се однесуваат на долго чекање за старт на судењето или самите процеси.
Фиљана Кока
