Енергетика

Над 500 семејства добијаат ваучери за инвертер клими

10.09.2026 19:15

За двете опфатени категории се доделени над 500 потврди-ваучери, со кои домаќинствата што ги исполнуваат условите добиваат поддршка за набавка и монтажа на инвертер клима уред.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги објави списоците на добитници на финансиска поддршка за набавка и вградување инвертер клима уреди, во рамки на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2026 година.

За двете опфатени категории се доделени над 500 потврди-ваучери, со кои домаќинствата што ги исполнуваат условите добиваат поддршка за набавка и монтажа на инвертер клима уред.

Поддршката е наменета за домаќинства во кои едно или повеќе лица се корисници на надоместок заради попреченост, согласно член 44 од Законот за социјалната заштита, како и за домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост, корисници на посебен додаток до 26 години.

Од Министерството информираат дека списоците на добитници се објавени, а ваучерите ќе можат да се искористат за набавка и вградување на инвертер клима уред согласно условите на програмата.