Политика

Собранието со поголема улога во европската интеграција

10.09.2026 17:15

Европската интеграција не може да биде процес предводен само од владите, порачаа учесниците на дебатата, нагласувајќи ја важноста од активното учество на Собранието и претворањето на политичките заложби во конкретни резултати.

Кај нас, во една надзорна расправа многу тешко се задржува вниманието на конкретно секторско прашање и имплементација на реформите, бидејќи веднаш се наметнува блокадата кон нас од земја-членка на ЕУ. Доминираат прашањата за билатералните спорови кои се контра од копенхашките критериуми – рече Антонио Милошоски, претседател на собраниската Комисија за европски прашања. Сите земји-кандидатки за членство имаат висок приоритет, а тоа е Европската унија, но дали сите земји-членки на унијата се залагаат за проширување, посочи тој.

Преку Планот за раст и реформската агенда земјата оди напред. Не сите кандидатки за членство ги исполнуваат реформите – истакнаа говорниците од Институтот за европски политики. Во истражувањето се доаѓа до заклучок дека политичките турбуленции во парламентите не дозволува движење на европските процеси.

Како заклучок, европската интеграција не може да биде процес предводен само од владите, бидејќи демократскиот легитимитет, одржливоста и кредибилитетот на процесот зависат и од активното учество на Собранието.

Земјите од Западен Балкан треба да го искористат овој моментум за забрзување на реформите и претворање на политичките заложби во мерливи резултати.

Миле А. Ристески