Се намалува бројот на новоинфицирани од западнонилската треска
Иако има новорегистриран случај во Свети Николе и во Куманово, надлежните велат, се намалува бројот на новоинфицирани, последните две недели има два нови случаи. За трипати е намален бројот на пациенти коишто се на болничко лекување, а се намалува и бројот на сомнителни случаи со западнонилска треска.

Симптомите од западнонилската треска може да траат и со месеци. По излегување од болница пациентите ќе мора да поминат и рехабилитација, посебно оние што биле во тешка здравствена состојба и се лекуваа на одделот за интензивна нега на Инфективната клиника. Пред две недели информирани се Клиниката за неврологија и другите невролошки установи, како и Клиниката за физикална терапија, да им излезат во пресрет на пациентите на кои ќе им треба понатамошна рехабилитација.
Иако има новорегистриран случај во Свети Николе и во Куманово, надлежните велат, се намалува бројот на новоинфицирани, последните две недели има два нови случаи. За трипати е намален бројот на пациенти коишто се на болничко лекување, а се намалува и бројот на сомнителни случаи со западнонилска треска.
Во моментот на Инфективната клиника има шест пациенти, од кои двајца се суспектни, двајца се во добра здравствена состојба и наскоро ќе бидат пуштени, а двајца се на респиратор.
Заладувањето не го намали бројот на новозаразени пациенти, туку преземените мерки, смета министерот за здравство.
Досега во земјава се потврдени 58 случаи на западнонилска треска. Осуммина починаа. Вирусот Западен Нил се шири и во Европа. Заразени има во Грција, Србија, Италија, Шпанија, Франција, Австрија, Германија, Холандија.
Наташа Јанчиќ – Менковски
