Македонски меѓу запленетите во Албанија

24.12.2013 16:29

Дваесетина украдени икони од струшки, битолски и преспански цркви пронашла албанската полиција. Наместо да се молат пред нив, крадците одлучиле да направат бизнис и да ги изнесат преку граница. Се уште не се знае крајната дестинација и кој сакал да ги купи иконите, но, од македонското министерство за внатрешни работи тврдат дека истрагата ќе ја продолжат заеднички со полицијата на соседната земја за да го разбијат меѓународниот канал.

Од албанското МВР велат дека случајот е предаден кај нивниот јавен обвинител, а тој за МТВ вели дека не ја исклучуваат можноста истрагата да покаже поголема бројка на украдени икони.

 Оваа криминална акција е само продолжување на лошите навики на крадците. само во првата половина на годината беа откриени кражби во 33 цркви, или во просек, на секои четири дена имало по една кражба во црква. Тогаш истрагата покажа дека во четири кражби биле украдени и икони-дел од националното богатство. Во една од црквите беше украдено и бронзено ѕвоно тешко над еден тон.

Иако не се знаат точните податоци, денеска со сигурност бројката на кражби од македонските храмови е многу поголема. Инспекторите уште тогаш вината за раширените кражби ја лоцираа во лошата организација за заштита на иконите. За нив треба да се грижи државата, но црквата треба да и го овозможи тоа. Црквата не дозволува да се заштитат икони со носење во депоа. Се додека не се расчистат овие односи во заштита на националното богатство, итрите домашни крадци и нивните пријатели од соседството ќе го изнесуваат културното наследство.

Катерина Топалова