Победничко простување од „Кале“
Со победа во дербито на Сеха лигата над Загреб со 32-29 ракометарите на Вардар се простија од ракометниот храм Кале и најавија продолжение на успешната приказна во новиот спортски центар Јане Сандански.

Со победа во дербито на Сеха лигата над Загреб со 32-29 ракометарите на Вардар се простија од ракометниот храм Кале и најавија продолжение на успешната приказна во новиот спортски центар Јане Сандански.
Победа што во ниту еден момент не беше доведена во прашање откаоо Вардар рано го презеде водството уште во 5-тата минута и континуирано го зголемуваше до 16-10 во 20-тата минута за сепак на одмор да замине со 19-16. Загреб се обидуваше да се врати во вториот дел,неколкупати и намали на 2 разлика,но Вардар секогаш наоѓаше одговор па и без отсутните Дибиров,Штербик и Лазаров на крајот славеше со 32-29. Најефикасен на мечот беше Марковиќ со 10 погодоци,а Лацковиќ и Душебаев постигнаа по 4.
5-та победа сезонава со која Вардар остана на второто место на табелата со три бода зад Веспрем и следниот предизвк ќе го има в сабота во Лигата на шампионите против Чеховске Медведи.
Во натпревар со многу емоции и по некоја солза на почетокот вардаровите навивачи спектакуларно го пречекаа својот миленик, поранешниот стретег на Вардар сега на Загреб,Веселин Вујовиќ ,но сепак на крајот го испратија со пораз и долго славеа со вардаровите ракометари.
