OJO

Приведен висок функционер со обележани 17.500 евра

10.09.2026 19:27

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР го приведоа помошник директорот на Царинската управа кај кого се пронајдени обработени парични средства во износ од 17.500 евра...

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР го приведоа помошник директорот на Царинската управа кај кого се пронајдени обработени парични средства во износ од 17.500 евра.

Според првичните сознанија парите биле побарани како поткуп со цел во две постапки пред Царинската управа да го употреби своето реално влијание и наводно да помогне.

Детали од настанот обвинителството ќе сподели во текот на утрешниот ден.