Врховен суд
Укината пресудата за Ласкарци
11.09.2026 08:07
Укината е пресудата за обвинетите во случајот со автобуската несреќа кај Ласкарци. Врховниот суд ги уважи барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, поднесени од осудените преку нивните бранители...

Укината е пресудата за обвинетите во случајот со автобуската несреќа кај Ласкарци. Врховниот суд ги уважи барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, поднесени од осудените преку нивните бранители.
Со одлуката се укинува пресудата на Апелациониот суд Скопје од април 2025 со која беа зголемени казните за шестмината осудени за автобуската несреќа и предметот се враќа на повторно постапување и одлучување.
