судство

Предметот против Јакимовски на повторно судење

11.09.2026 08:12

Одлуката е донесена на седницата на Советот за казниви дела при Врховниот суд одржана на 9-ти септември...

Врховен ги укина и пресудите на Основниот кривичен и Апелациониот суд Скопје против Стевчо Јакимовски уважувајќи го барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда. Предметот е вратен во првостепениот суд на повторно постапување и одлучување.

Одлуката е донесена на седницата на Советот за казниви дела при Врховниот суд одржана на 9-ти септември.