Кривичен суд

Одложено рочиштето за „Лотарија“

11.09.2026 08:00

Од Основниот кривичен суд информираат дека Бајрами, бил спроведен во затвор за издржување на претходно определената мерка притвор...

Одложена е расправата за предметот „Лотарија“, откако првообвинетиот Перпарим Бајрами, по кого беше распишана меѓународна потерница сам се пријави во затворот Скопје. Од Основниот кривичен суд информираат дека Бајрами, бил спроведен во затвор за издржување на претходно определената мерка притвор.

Судот денеска ќе му достави примерок од обвинителниот предлог, за да може да се запознае со содржината и доказите. Бидејќи законскиот рок за увид е осум дена, се отповикуваат расправите закажани за денеска и 16 септември. Судењето ќе продолжи на 18 септември во 12 часот.