АМСМ

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози

11.09.2026 08:15

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот надвор од градските средини е зголемен, а на граничните премини нема подолги задржувања. Од АМСМ апелираат на внимателно возење и прилагодена брзина, особено на делниците каде што постои можност од појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово - Велес, Маврово - Дебар - Струга, Виница - Берово и Кочани - Делчево.