Расте откупот на овошје и зеленчук за конзервната индустрија

01.10.2014 09:55

Конзервна индустрија е извозно ориентирана и влијае на зголемувањето на производството на овошје и зеленчук. 85 проценти од суровините ги обезбедува од домашните ниви...

Преработувачката индустрија на годишно ниво откупува скоро 68 илјади тони на зеленчук и овошје што е зголемување за 24 проценти од претходните години.

Црвената пиперка, е најважната за овие капацитети и изнесува половина од вкупно откупените суровини. Индустриски ајвар се произведува најмногу, а ланските количества изнесувале 13 илјади тони или 7,5 проценти од вкупните преработки.

Годинава струмичко- куртовската капија беше погодена од временските неприлики и е засадена на десет илјади хектари.

Освен недостигот на сонце, според експертите, родот на  земјоделците ќе буде преполовен и од преголемата влага во почвата.

 

Методија Трајков