ЦУК

31 пожар на отворен простор, два активни во Македонски Брод и Чучер-Сандево

11.09.2026 09:13

Активни се пожарите во Општина Македонски Брод, кај селото Белица и месноста Кајорец, каде што гори нискостеблеста и мешана шума, како и во Општина Чучер-Сандево, кај селото Брест и месноста Рамно, каде што е зафатена мешана шума.

Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор. Од нив, два се активни, четири се под контрола, а 25 се целосно изгаснати.

Активни се пожарите во Општина Македонски Брод, кај селото Белица и месноста Кајорец, каде што гори нискостеблеста и мешана шума, како и во Општина Чучер-Сандево, кај селото Брест и месноста Рамно, каде што е зафатена мешана шума.

Под контрола се пожарите кај селото Бенче во Општина Македонски Брод, кај кичевското село Тајмиште, на градската депонија во Делчево и кај селото Копаница во Општина Сарај.