Статистика

Во јули издадени 367 одобренија за градење, предвидена изградба на 1.248 станови

11.09.2026 11:58

Предвидената вредност на објектите изнесува 7,99 милијарди денари, што е за 74,8 отсто помалку во споредба со јули минатата година.

Бројот на издадени одобренија за градење во јули 2026 година е намален за 8,5 отсто во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците. Во текот на месецот се издадени вкупно 367 одобренија.

Предвидената вредност на објектите изнесува 7,99 милијарди денари, што е за 74,8 отсто помалку во споредба со јули минатата година. Од Државниот завод за статистика појаснуваат дека големото намалување се должи на тоа што лани во истиот период било издадено одобрение за изградба на ветерен парк во Штип, Радовиш и Карбинци.

Од вкупниот број одобренија, 227 се за високоградба, 39 за нискоградба, а 101 за реконструкција. Најмногу одобренија се издадени во Скопскиот Регион – 109.

Во јули е предвидена изградба на 1.248 станови со вкупна корисна површина од 100.440 квадратни метри. Од вкупно 367 објекти, во 209 случаи инвеститори се физички лица, а во 158 деловни субјекти.