Свет

Тешка автобуска несреќа во Швајцарија, има загинати

11.09.2026 09:52

Автобусот бил во сопственост на холандскиот тур-оператор „Оад“, причините за несреќата се истражуваат...

Неколку лица загинаа, а повеќе се повредени во тешка автобуска несреќа во источна Швајцарија откако автобус со 49 холандски државјани удрил во заштитната ограда и излетал од патот во провалија во кантонот Граубинден.

Автобусот бил во сопственост на холандскиот тур-оператор „Оад“, причините за несреќата се истражуваат.