Свет

Најмалку 25 загинати во пожар на товарен брод во Кина

11.09.2026 09:01

Пожарот избувнал додека бродот бил на одржување. На него имало 42 лица...

Најмалку 25 лица загинаа во пожар на странски товарен брод во бродоградилиште во Кингдао, во источна Кина.

Пожарот избувнал додека бродот бил на одржување. На него имало 42 лица, од кои 12 биле безбедно евакуирани, а петмина повредени се пренесени во болница и се во стабилна состојба.

Пожарот бил локализиран по околу три часа.