Европа
Расте бројот на заразени со западнонилска треска во Европа
11.09.2026 16:10
Најмногу заболени има во Италија, Грција и Шпанија. Во Грција бројот на смртни случаи се искачи на 30...

Над 1.000 случаи на западнонилска треска се регистрирани во 15 европски земји, соопшти Европскиот центар за превенција и контрола на болести.
Најмногу заболени има во Италија, Грција и Шпанија. Во Грција бројот на смртни случаи се искачи на 30, а регистрирани се вкупно 324 заболени.
Во Холандија, пак, досега починале три лица, додека бројот на заразени се зголемил на 18.
